Милениумскиот крст ќе добие ново осветлување

Милениумскиот крст на Водно денеска официјално ќе добие ново осветлување, соопшти Град Скопје.

На пуштањето во употреба на новото осветлување ќе присуствуваат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Членот на Советот на Федерацијата на Федеративното Собрание на Руската Федерација, Леонид Лебедев.

Милениумскиот крст, покрај новото осветлување, е и реставриран.

фото: МИА