Миленко објави телефонски разговор со новинарка на „Плусинфо“

На својот сајт milenko.parahodot.mk водителот и новинар, Миленко Неделковски во пишана форма објави телефонски разговор со новинарката на „Плусинфо“ и „Слободен печат“, Мирослава Бурнс. Таа се јавила кај Миленко да праша за навреди кои, според неа, новинарот ги упатил кон Петрит Сарачини на „Фејсбук“.

Еве го она што Миленко го објави:

Ми се јавува денеска околу пладне Мирослава Бурнс. Позната како голем обожавател на Скопје 2014, но и како новинар на платен список на Героски и Сорос.

Мирослава: Добар ден. Овдека Мирослава Бурнс од Слободен печат и Плусинфо. Г-дине

Неделковски, може ли едно прашање?

Миленко Неделковски: Да секако, повелете.

Мирослава Б.:  Зошто го навредувате Петрит Сарачини на вашиот Фејсбук?

Миленко Н.: Не го навредувам.

Мирослава: Ама сте пишале “педерче си е педерче“.

Миленко: Да де. Јас ја пишувам вистината, не навредувам.

Мирослава: Така ли да ве цитирам?

Миленко: Да.

Мирослава: ОК, благодарам.

Миленко: Пријатно.

Мирослава: Се гледаме, пријатно.

По 10 минути на телефонот од кој што бев баран, јас барам.

Миленко Неделковски: Добар ден, ми треба Миросава Бурнс.

Мирослава Бурнс: Ехехехе, е јас сум де, се чувме пред малку!

Миленко Н.: Јас сум Миленко Неделковски од Миленко Неделковски Шоу, Радио Слободна Македонија, Параходот и Дудинка. Може ли едно прашање?

Мирослава: Да, да… Повелете.

Миленко: Ме интересира, кога пред десетина дена Бранко Героски на Фејсбук напиша „Миленко не јади гомна“, му се јавивте ли да го прашате зошто ме навредува?

Мирослава: … (молк)…

Миленко: Ало, тешко ли е прашањето?

Мирослава: (после молкот) Вие не сте ми уредник да ми кажувате што да пишувам.

 Миленко: Така ли да ве цитирам?

Мирослава: Да.

Миленко: Фала, пријатно.

Мирослава: (нема пријатно, само тиит-тииит-тииит).

ЗАКЛУЧОК:

  • Во светлите традиции на СДСМ идеологијата „Некои прашања не заслужуваат одговор“!
  • Толку од професионалното новинарство.
  • Доказ за двојните аршини.
  • Доказ кој ја мати водата.
  • Јасно е зошто бегаат од дебати, соочувања, дискусии…