Милер дополнително ги понижи репрезентативците и фановите на Бразил

Првиот напаѓач на Германија, Томас Милер, додатно ги изнервира репрезентативците и најверните фанови на Бразил со изјавата Германија многу полесно го елиминирал домаќинот на фудбалскиот мундијал отколку националниот тим на Алжир.

“Не очекувавме дека би можеле да славиме така убедливо, едноставно настојувавме да го наметнеме сопствениот стил на игра и да ја казниме секоја грешка на противникот. Излезе дека ова е перфектен натпревар за Германија и неизмерно сме горди поради тоа. Знаевме дека Бразил бодрен од навивачите ќе се отвори и ќе се обиде да даде прв гол, но и дека со тоа ќе остави доста простор што ние би можеле да го искористиме. Тоа целосно ни одговараше, затоа и ни е многу полесно да играме против Бразил отколку против ривал како што беше Алжир во осминафиналето”, изјави напаѓачот на Баерн (М).