Милер го пецка Лионел Меси

Најдобриот голгетер на Германија, Томас Милер додатно ја подгреа атмосферата пред утрешниот финален натпревар со изјавата дека до сега нема загубено ниту еден натпревар кога за противник го има најдобриот фудбалер во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси.
“Многу е важно да дадеме се од себе, да видиме до каде е нашиот лимит, особено во дефанзивата. Мора да бидеме максимално брзни, да имаме брзи реакции. Само така ќе го држиме под контрола Лионел Меси. Сум одиграл неколку натпревари против Лионел Меси, но само на клупската сцена. Никогаш не сум загубил, секогаш сум победник, победувал мојот тим. Германија иде на победа, Германија игра на победа. Мора да ја освоиме светската титула”, изјави напаѓачот на Баерн (М).