Милер: „Јужен поток“ повлечен,„Турски поток“ единствен пат за идни испораки на гас

„Турски поток“ е единствениот пат за идните испораки на 63 милијарди кубни метри руски гас, што сега минува транзитно низ Украина, изјави шефот на „Газпром“ Алексеј Милер на прашање за гасоводот „Јужен поток“, пренесе МИА.

– Проектот е повлечен. Гасоводот „Турски поток“ е единствен пат за идните испораки на 63 милијарди кубни метри руски гас, што сега минува транзитно низ Украина. Други варијанти нема, истакна тој, пренесува ТАСС.

Според Милер европските партнери на Газпром се информирани за тоа и сега нивна задача е да се создадат неопходни структури за гас од границата на Турција и Грција.

– Тие имаат максимум неколку години. Тоа е многу строг распоред. За да се вклопат во роковите, работата на изградбата на новите гасоводи од земјите во ЕУ треба да почне уште денес. Во спротивно овие количини гас може да завршат на други пазари, предупреди шефот на Газпром.

Милер нагласи дека Газпром гради стратегија врз основа на планот за создавање на Енергетска унија во ЕУ.

фото: МИА