Милер: „Јужен поток“ се спроведува според планот

Претседателот на „Газпром“, Алексеј Милер вели дека проектот за гасоводот „Јужен поток“ се реализира според планираното и ќе биде готов кон крајот на 20155 година, јавува РИА Новости.

„Проектот ’Јужен поток’ се реализира строго по утврдениот план. Нема ниту месец отстапување од првично утврдените рокови. Строго по планот се реализираат и работите во морскиот дел, како и активноситте во Бугарија, Србија и Унгарија. И нема никаков сомнеж дека првите гас од проектот ’Јужен поток’ ќе пристигне уште кон крајот на следната година во Бугарија“, изјавил Милер за време на јавно собрание на Европскиот деловен конгрес.

Според зборовите на Милер, тој се надева дека сигурноста на доставата на гас за Европа може да се зголеми со диверсификација на маршутите, а еден од нив е „Јужен поток“.