Спорт

Милер не знае дали има понуда од Барселона

Милер не знае дали има понуда од Барселона

Репрезентативецот на Германија и на актуелниот светски и европски клубски шампион, Баерн (М), Томас Милер, откри дека не е запознаен со информацијата дека понуда за неговите услуги има испратено каталонскиот гигант Барселона.

„Имало понуда за моите услуги од Барселона? Јас не сум добил таква информација, не сум информиран од клупските челници на Баерн (М) и искрено, не сакам да зборувам на оваа тема. Сум прочитал дека сум желба на Барселона. Точно дека во изминатите неколку години мојот агент бил контактиран од неколку клубови, но тоа не значи дека имало и сериозен интерес за моите услуги. Јас не сум задоволен од минутажата, но тоа не значи дека не сум среќен на ‘Алианс Арена’”, истакна напаѓачот на Баерн (М).