Спорт

Милер побара итен состанок со челниците на Баерн (М)

Милер побара итен состанок со челниците на Баерн (М)

Репрезентативецот на Германија и резервен напаѓач на бундеслигашот Баерн (М), Томас Милер, потврди дека сака во најбрз можен рок да има состанок со клупските челници од кои очекува одговор на прашањето, дали неговата иднина е на „Алианс Арена” или треба да ја побара на некое друго место.

„Дојде и тој ден, дојде и тој момент кога јас морам да имам одговор на тоа прашање. Сакам да знам, пред почетокот на новата сезона, дали јас сум составен дел од новиот план, дали сум важна компонента, дали ќе имам статус на стандарден првотимец. Ако клубот има план за мене, и ако истиот е на подолг временски период, тогаш сигурно ќе останам во Минхен. Затоа сакам состанок со клупските челници. Јас не можам да дадам такво ветување дека целата моја кариера ќе ја поминам во дресот на Баерн (М)”, изјави 24-годишниот напаѓач.