Милер се чуствува како боксер

Најефикасниот во репрезентативниот дрес на Германија, напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер заработи незгодна повреда на дуелот против селекцијата на Гана.

Во самиот финиш од натпреварот, Милер доби незгоден удар во десното око, а лекраскиот тим на Германија по натпреварот потврди дека станува збор за повреда на десната аркада.

Бобмардерот на Баерн Минхен се пошегува на своја сметка со изјавата дека моментално се чуствува како боксер.
„Се чувствувам добро, немам болки, меѓутоа изгледам како боксер. Им благодарам на огромниот број фанови кои ми посакаа побрзо заздравување. Се надевам дека ќе бидам во составот веќе на претстојниот натпревар со селекцијата на САД“, изјави Милер.

И покрај незгодната повреда, напаѓачот на Германија ќе биде во комбинација за последниот натпревар од групната фаза, дуелот против селекцијата на САД.