Милев до членовите на ДИК: Каде пишува дека мора да одлучуваме според докази?

Членот на Државната изборна комисија (ДИК) од СДСМ, Игор Милев, при расправата за доставените проговори на БЕСА, кои според досега разгледаните се поднесени без основ, ја ѕапраша комисијата каде пишувало дека морало да одлучуваат според докази?
Инаку, според досегашните комисиски реаѕултати, само членовите на СДСМ гласаа „за“ проговорите поднесени од БЕСА, другите седум членовви едногласно гласаа „против“. 
Сметам дека никаде, во ниту еден член и алинеја е наведено дека ако ние одлучуваме, мора да имаме и докази, рече Милев.

Со ова, членот на ДИК кој доаѓа од СДСМ практично призна дека не се одлучува според докази и дека СДСМ и БЕСА истите ги немаат.

Мнозинството членови на ДИК денеска се изјаснија дека доколку нема забелешки во записникот на избирачките одбори за процесот на гласање и подоцна за сумирање на гласовите, таквите прговори се без основ и не треба да се земат предвид.

Најчести забелешки од БЕСА се дека имло фамилијарно и групно гласање, се вршело пртисок, агитирање на глсачите, во избрачките места шетале неовластени лица, бројките на избирачките материјали не биле јасно видливи… Сепак, забелешка за тоа не ствиле на денот на изборите бидејќи наводно не им било дозволено од избирачките одбори. Но, како што кажа нивниот претставник, цело време неправилностите ги пријавувале во кол центарот на ДИК.

Како докази во приог на нивните приговори се доствении изјави од нивни набљудувачи заверени на нотар, кои за комисијата се нерелевантни, особено што се заверени и после предвидениот рок, односно дури денеска. А, една од изјавите е и без потребниот нотарски потпис.