Спорт

Милевски: Македонските фудбалери се повеќе од херои, тие се феноменални

Милевски: Македонските фудбалери се повеќе од херои, тие се феноменални

-Овие играчи се повеќе од херои. Тие се феноменални. Не размислував што се случува вечерва едноставно посакував поради овие момчиња да ја совладаме Шкотска и да одиме понатаму. Овие момчиња го заслужија тоа. Зад себе оставија селекции како Франција, Исланд, Украина… И на Европското првенство ќе одиме на победа на секој натпревар. Нашата сила е сплотеноста, борбеноста, храброста. Се додека јас сум селектор тоа така ќе биде, изјави Милевски.

Македонската репрезентација до 21 година со шест победи, три нерешени средби и само еден пораз во групата со Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска го освои првото место и се пласира на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Полска.