Милевски: Овие момчиња се феномени, немам зборови!

Огромна е радоста во редовите на македонскиот национален тим по историскиот успех, пласманот на нашата репрезентација до 21 година на ЕП што догодина ќе се одржи во Полска. Најзаслужен за тоа сигурно е селекторот Милевски, но овој стручњак како и секогаш остана максимално скромен, почестите насочувајќи ги коu н своите избраници.

– Не знам што да кажам. Нема што да се пролгасуваат, овие момци се херои, тие се феномени. Не знам што да додадам, потоа ќе коментирам нешто повеќе – истакна Милевски за ТВ Сител веднаш по победата.