Милијардери се откажаа од своите богатства за хумана цел

Десет милијардери одлучија да се откажат од половина од своето богатство за да можт да ги поддржат бројните добротворни акции низ светот, пишува Си-Ен-Ен.

Тие го потпишале актот што претходно го составиле Ворен Бафет и Бил и Мелинда Гејтс. Уште во 2010 година тројцата ги повикале милијардерите да се откажат од поголемиот дел од своето богатство додека се живи, а не тоа да го сторат во тестаментите.

До сега вкупно 137 милијардери од 14 земји го поддржале актот.

-Кога го почнавме овој проект, не ни можевме да насетиме дека оваа бројка на луѓе ќе ни се придружи во акцијата, рече Бил Гејтс.

Џоди Фолкнер, директорка на компанијата „Епик“, чија вредност се проценува на 2,6 милијарди долари, се обврза дека ќе се откаже од 99 отсто од уделот во оваа фирма.

Бред Кивел, Хамди Улукаса, сир Иан Вуд, Гордон Гунд, Харолд Гринспун, Дијане Тродерман, Рут и Бил Скот и Шарли Варкес, исто така, презедоа обврски дека ќе се откажат од дел од своето богатство.