Mилијардерот Серж Дасо под истрага поради купување гласови

Осумдесет и осумгодипниот француски авиоконструктор и милијардер Серж Дасо, кој е сенатор од десницата и сопственик на весникот „Ле Фигаро“, е осомничен дека го искористил своето богатство, за да купува гласови и да си го обезбеди изборот на чело на град во близина на француската престолнина, јавува АФП.

Индустрискиот магнат, чија компанија за производско на авионите „Фалкон“ и воените „Рафал“, сам о побада да му биде симнат пратеничкиот имунитет, што се очекува да биде направено утре. Вчера Дасо изјави дека сака да ја докаже својата невиност.

Од пред неколку месеци двајца магистрати од финансиската полиција на Париз го истражуваат случајот за наводдно купување гласови, корупција и перење пари за време на локалните избори во 2008, 2009 и 2010 година во градот Корбеј Есон.

Овие избори прво ги доби Дасо, а потоа неговата десна рака Жан Пјер Бештер. Гласањето во 2008-ма година беше поништено од највисоката француска судска административна инстанца Државниот совет. Тогаш беше утврдено дека на гласачите им биле давани парични награди, но нивната висина не е утврдена.

Жан Пјер Бештер и уште две лица се обвинети веќе за овој случај. Серж Дасо е дел од династијата Дасо, која ја одбележува франуцската политика и економија. Таткото на Серж Дасо, Марсел Дасо бил познат француски воен авиоконструктор, инжинер, кој стои зад авионите „Ураган“, „Мистер ИВ“ и „Мираж“, но е и сопственик на медиумска империја. Тој починал во 1986 година по што го наследил неговиот Син. Тој е сенатор од Сојузот за народно движење од 2004 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.