Милиќ останува во Скопје – ќе продолжи со посебен режим на исхрана и тренинзи

Милиќ остана во Скопје, продолжува со посебен режим на исхрана и тренинзи

За тоа време, голманот Страхиња Милиќ останува во Скопје и ќе продолжи со посебен режим на исхрана и тренинзи, со цел да може што побрзо да им се приклучи на своите соиграчи.

Уште на првиот тренинг Милиќ доби предупредување дека ќе мора да ја намали “килажата”, а токму поради тоа ќе работи под посебен надзор и програма.

Покрај Арпад Штербик и Петар Ангелов, како трет голман во Словенија замина и Градимир Чаневски.

По подготовките во Словенија, екипата ќе замине на турнир во Кањижа, а веднаш потоа и на турнир во Скопје, каде токму Вардар е домаќин, а ќе настапи во група со Нексе и Чеховски Медведи.

Новата сезона за Вардар почнува во СЕХА лигата со гостувањето на Зомимак М.