Милион денари од „Среќни коцки“ отидоа во Кочани

Задоволството од играње на јамб во облик на Инстант лотарија Среќни коцки, донесе радост во пакет со вториот милион денари како добивка во оваа игра на среќа, информираат од Државната лотарија на Македонија.

П.Ј. од Кочани се радуваше во јануари 2015 година. Својот среќен Инстант лоз Среќни коцки го купил од продажното место Анафил. Првично, изборот бил лозот 7Ма брзина, но по неколку помали добивки кои ги менувал, останувајќи повторно во игра, се одлучил да проба со Среќни коцки. Интересно е што сето ова се случило за време на неговиот именден, во тек на празнувањето на христијанскиот празник Водици.

Само за потсетување, со добивка од оваа игра на среќа, ДЛМ ја започна година. Димче Димовски од Прилеп освои 10.000,00 денари. Претходно, првиот милион во оваа игра на среќа беше освоен пред скоро една година, поточно на 15 февруари 2014 година.

Под мотото СВРТИ ЈАМБ ЗА МИЛИОН, играта Среќни коцки им овозможува на играчите одлична можност за забава во комбинација со можност да освојат добивка која веднаш може да си ја однесат дома.

Добитните комбинации во оваа игра на среќа, Инстант лотаријата СРЕЌНИ КОЦКИ, се како во играта ЈАМБ. Учесникот го дознава резултатот од играта кога ќе го изгребе заштитниот слој и открие пет коцки. Лозот е добитен, ако коцките под заштитниот слој прикажуваат една од добитните комбинации кои се наоѓаат на задната страна на самиот лоз. Доколку на лозот не е откриена правилна комбинација, тогаш тој лоз не е добитен. Правилата на оваа инстант игра се особено блиски на  љубителите на играта јамб,  практично принципот на играње е  скоро идентичен со оваа популарна друштвена игра, Инстант лозот СРЕЌНИ КОЦКИ носи само парични премии од кои дури 5 премии од 1 милион денари, 10 по 100 илјади денари,  100 по 10 илјади денари и голем број други помали парични добивки. Вкупниот фонд на добивки во оваа инстант лотарија е 25.000.000, 00 денари, а секој трет лоз е добитен. Еден инстант лоз СРЕЌНИ КОЦКИ чини 40 денари.