Милион долари исчезнаа на аеродром

Милион долари исчезнаа на аеродром во Хонг Конг за време на префрлањето од авионот со кој биле донесени.

Парите (околу 600 илјади евра) биле спакувани во вреќа која потоа исчезнала во објектот на аеродромската зграда, а требало да стигнат до Банката на Кина, за која биле и наменети.

Според хонгконшките медиуми, три неврзани вреќи со пари, паднале од трејлерот, кога тој удрил во еден агол на аеродромската зграда за товарен сообраќај.

Луѓето што ги пренесувале вреќите десетина минути подоцна забележиле дека нема три од вреќите во трејлерот и веднаш се вратиле назад, но таму нашле само две.

Полицијата на Хонг Конг отвори истрага, но нејзин претставник изјави дека случајот со исчезнатата вреќа се третира како грабеж на пари.

Засега никој не сака да преземе одговорноста за губењето на вреќета.

Целата пратка со десет милиони новозелансдски долари била осигурана.