Милион долари, стан и Масерати за секој ракометар на Катар ако стигнат до полуфинале

Селекцијата на домаќинот на Мундијалот ја совлада Австрија со 29:27 и обезбеди пласман во четвртфиналето.

Иако ова е голем успех за репрезентацијата на Катар, сепак апетитите на богатите шеици пораснаа. Имено, според неофицијални информации секој ракометар на Катар за пласман во полуфиналето ќе добие автомобил „Масерати“, стан во најелитниот кварт „Перл“ и еден милион долари.

Ова е уште еден доказ дека парите не се проблем за богатите шеици, кои за организација на Мундијалот досега потрошиле 200 милиони евра.

Селекцијата на Катар во четвртфиналето ќе игра со подобриот од денешниот дуел помеѓу Германија и Египет.