Милион долари за полицајците кои влегоа во нарко селото Лазарат

Награда од милион долари за албанските полицајци кои по петдневна опсада ја преземаа контролата на целата територија на селото Лазарат, познато како фабрика за марихуана.

– Околу 800 припадници на полицијата ќе бидат наградени со по две плати, или вкупниот фонд за тоа изнесува околу милион долари.

Полициската акција за Лазарат почна на 15 јуни, а полицијата по петдневна опсада успеа да ја превземе контролата врз селото.

Од почетокот на акцијата досега уништени се околу 80 тони марихуана, над 140 илјади стебла и садници од ова наркотично растение, семенски материјал, разновидно оружје.