Милион евра помош од Германија за бегалците кои трназитираат низ Западен Балкан

Над 51.000 бегалци ја минале Македонија од јуни
Над 51.000 бегалци ја минале Македонија од јуни

Министерството за надворешни работи на Германија краткорочно става на располагање еден милион евра за хуманитарни цели, со оглед на драматичната ситуација со бегалците кои транзитираат низ Западен Балкан, соопшти денеска Германската амбасада во Скопје.

Не можеме да седиме со скрстени раце кога во соседните држави на Европската Унија има бегалци кои се наоѓаат во многу тешка ситуација, барајќи заштита. Важно е сега на лице место да се поддржат владите во нивната одговорност и да им се помогне на бегалците на најбрз и најефикасен начин. За таа цел и како прва итна мерка ставаме на располагање 1 милион евра за згрижувањето на бегалците во државите на Западен Балкан. Мора да делуваме брзо и да покажеме дека Европската Унија и во тешки времиња се залага за своите вредности, не ги оставаме нашите соседи сами. Тука спаѓа и фер распоредување на бегалците внатре во Европската Унија, како што сме го предложиле тоа во нашиот план за европската политика со беглаци, кој се состои од 10 точки, изјавил министерот за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, стои во соопштението од Германската амбасада во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.