Милион евра за идеен проект за Универзитет „Мајка Тереза“

Идејниот проект на новиот скопски Универзитет „Мајка Тереза“ чини речиси еден милион евра. Станува збор за евентуално еден од најскапите идејни проекти, според базата на информации именувана како „Скопје 2014 под лупа“,објави Алсат М.

Договорот објавен во веб-страницата за јавни набавки е склучен меѓу универзитетот и фирмата „БХ Архитекс ДООЕЛ“ од Тетово. Оваа компанија, според податоците од Централниот регистар е впишана во април годинава, односно само половина година пред потпишувањето на скапиот договор.

Сопственик и директор на фирмата е лицето Бленд Хасани, а фирмата ќе добие аванс од 68 илјади евра. Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе се простира на околу 32 илјади метри квадратни, а освен петте згради на факултетите, комплексот ќе има и внатрешен базен.