Милион евра за Панорамското тркало од АЕК

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе донира 61.500.000 денари или околу еден милион евра на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) за реализација на проектот Панорамско тркало.

Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации пред да ја одобри оваа донација побара мислење од Министерството за правда.

„По спроведената постапка и добиеното решение бр. УП 1-11-164 од 27.03.2014 година, издадено од Министерство за правда на Република Македонија со кое се потврдува дека донацијата од Агенцијата за електронски комуникации на Јавно сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје како донација од јавен интерес во областа како јавна дејност и презетираната документација, членовите на Комисијата за електронски комуникации едногласно дадоа согласност за склучување на договор за донација“, се вели во записникот од состанокот на Комисијата за електронски комуникации на која беше одобрена оваа донација„.