Милион имигранти се подготуваваат да заминат од Либија за Европа

Обвинителот на Палермо задолжен за илегална трговија со луѓе, Маурицио Скалија денеска изјавил дека имаат информација дека на либискиот брег им околу милион мигранти кои се подготвуваат да тргнат кон Европа.

Според Високиот комесаријат на ОН за бегалци, бројот на илегални имигранти кои го поминале Средоземно Море со пловни објекти минатата година е нешто помалку од 220.000, а 170.000 од нив пристигнале во Италија.

Од друга страна, од почетокот на годината при потонување во Медитеранотна бродови со илегални имигранти на пат кон Италија загинаа најмалку 900 лица.