Свет

Милионер со еден потег уништи живот на бебе

Милионер со еден потег уништи живот на бебе

Единаесетмесечната Серис Едвардс е тешко повредена во сообраќана несреќа која ја предизвика синот на милионерот. Таа по несреќата живееше уште девет години, но животот засекогаш и бил уништен.

Серис Едвард се здоби со тешка повреда на мозокот во несреќата која ја предизвика деветнаесетгодишниот Антонио Синг Бопаран кога со голема брзина удрил во возило во кое се наоѓало бебето.

По нејзината смрт во Детската клиника во Бирмингем, нејзиниот татко Гарет Едвардс и оддал признание на својата ќерка поради храброста која ја покажала и рекол дека имала насмевка на која сите се топеле.

Во таа прилика е повикан милионерот, наследник на империја фабрики за преработка на пилиња, вредна 130 милиони фунти, да се соочи со нови обвиненија за да ја отслужи казната која му следува.

Доколку Серис починала непосредно по несреќата, Бопаран би можел да добие казна затвор од 14 години. Откако е прогласен за виновен за опасно возење, тој е осуден на 21 месец затвор, а отслужил само шест.

-Отслужи само шест месеци, а Серис го загуби животот. По несеќата беше ставена на апарат за дишење, се зарази со вирус и тоа ја уби. Не би била во таква ситуација доколку не беше несреќата, рекол нејзиниот татко.

-Тој е злобник. Ќе го препуштам ова на полицијата, но би сакал повторно да го видам на суд. Мислам дека тоа би било исправно и праведно, додал тој.

Девојчето требало да го прослави првиот роденден, кога семејниот автомобил однапред бил удрен од возило марка „ренџ ровер спорт“, со кое управувал Бопаран. Тој се движел на погрешна страна, со брзина над 100 километри на час, на пат каде максимално дозволената брзина била 50 километри на час.

По несреќата Серис остнала парализирана, не можела да зборува и била поврзана на апарат за дишење, што значи дека и била потребна 24-часовна нега. За време на краткиот живот таа била подложена на низа тешки операции.

Гарет Едвардс ја опиша како „весело девојче кое ќе им недостига на сите кои ја познавале“.

-Без оглед на повредите, никогаш не се жалеше и беше прекрасно да се биде во нејзино друштво, рекол тој.

-Беше навистина среќно дете и го сакаше животот.

Тој рекол дека неговата ќерка го обожувала, токму како и тој неа.

– Бевме навистина поврзани и се разбиравме еден со друг, додал таткото.

Опушувќи ја својата ќерка, таткото рекол дека сакала да слуша музика и да гледа ДВД дискови. Уживала во шопинг, одење во кино и семејни летувања во Велс. Сакала кога и пееле и читале. Го сакала училиштето и стекнала голем број другариња, на кои ќе им недостига.

antonio
Антонио Бопаран Синг

Гневот поради пресудата за Бопаран поттикна кампања за построги казни, која доведе до промени во законот. На секој кој ќе биде осуден за предизвикување на тешки повреди со опасно возење, денес, наместо максимално две, му се заканува казна затвор до пет години затвор.

Серис во 2012 година добила отштета од пет милиони фунти, како и загарантирана годишна парична помош за нега од 450 илјади фунти.

„Ренџ роверот“, со кој управувал Бопаран, припаѓал на неговите богати роители.

Антонио Бопаран, кој денес има 28 години, кон почетокот на оваа година повторно е уапсен поради вмешаност во тепачка во ноќен бар во Бирмингем, во која едно лице е ослепено.

Тој ја признал вината за насилно однесување и напад во бар во април минатата година. Осуден е на 12 месеци затвор поради учество во тепачката, во која жртвата ја соборил на под и ја клоцал во пределот на главата.