„Милионерот од калта“ на Гугл е најплатен директор во САД, како е кај нас?

Со доделувањето на бонусот од 199 милиони долари вредните акции, најплатениот извршен директор во Америка во 2015-тата година е извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи.

По спроведувањето на реструктурирањето и основањето на наовата холдинг компанија алфабет, Пичаи е именуван за извршен директор.

Како бонус, Пичаи според документот на американската регулаторна агенција за хартии од вредност добил 273.328 акции на Гугл вредни 199 милиони долари, па со новите акции вредноста не неговиот удел во Алфабет се проценува на 650 милиони долари. Неговиот сопственички удел во Гугал квартално ќе се зголемува до 2019-та година.

Пичаи со овој бонус го надмина Ерик Шмит кој досега ја имаше титулата на менаџер со најголем поединечен бонус во скции во историјата на Гугл, чија што вредност во 2014-та изнесуваше 100 милиони.

Сундар Пичаи во Гугл дојде во 2004-тата година на местото на менаџер за развој на производи од неколку софтверски решенија на Гугл, кои ги вклучува Гугл Хром Хром ОС. Тој беше задолжен и за развој на Гугл Драјв, Џимеил и Гугл Мапс.

Иако Пичаи е еден од најбогатите луѓе во светот, неговото дество го обележи сиромаштијата. Тој е роден во Индија, а пораснал во двособен стан во кој немал ниту кревет – спиел на подот во дневната соба заедно со братот.

Како е кај нас?

Ако се земат последните податоци на Државниот завод за статистика за најплатените професии кај нас, можеме да забележиме дека луѓето од информатичкиот сектор и кај нас заработуваат најдобро.

Информатичари…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.