„Милионерот од калта“ на Гугл е најплатен директор во САД, како е кај нас?

Информатичари, пилоти и финансиски сектор се професиите кои носат најголема заработка во моментов во Македонија. Наспроти нив најниско платени професии сe рибарството, угостителството и текстилната индустрија покажува последниот извештај на Државниот завод за статистика.

Според него, просечната плата на пилотите е околу 68.000 денари, додека програмерите земаат просечна нето плата од 50.000 денари. Следат банкарите со 43.700 и фармацевтите со 41.600 денари.

Овие професии се платени скоро двојно повеќе од просечната македонска плата која изнесува околу 22.000 денари.

Исто така овие четири професии можат да ја исполнат таканаречаната „потрошувачка кошничка“ потребна за основен животен стандард на четворочлено семејство што според Сојузот на синдикати изнесува 32.140 денари.

На пазарот на труд и понатаму најбарани се градежниците кои имаат  плата од над 19.000 додека здравствените и социјалните работници заработуваат по 24.500 денари.

Прсечната плата на вработените во јавната администрација изнесува 26.368 денари (430 евра).

Мажите и натаму полесно наоѓаат работа и се подобро платени од жените, а лицата со завршено високо и вишо образование се значително подобро позиционирани на пазарот на трудот, отколку оние со основно и средно образование, покажуваат податоците. Најголем дел од невработените се лица со средно образование.

Во споредба со останатите земји од регионот, жителите на Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина се подобро платени, додека Албанците и Србите заедно со Македонците имаат најниски палти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.