Милиони долари испаднале на улица, а потоа се случил грабеж!

Возачот на комбето, според зборовите на еден од полицајците, го минал целиот пат, во траење од половина час, несвесен дека задните врати од возилото се отворени и дека од него паѓаат сандаци со пари.

На улиците на Хонг Конг денес настанал вистински метеж кога пешаците и шоферите почнале да собираат пари кои испаднале од едно комбе.
Вратата на блиндираното возило, кое ги пренесувало парите, одненадеж се отворила и од комбето испаднале сандаци со околу 15 милиони хонгконшки долари.

Банкнотите се разлетале по улицата во самиот центар на градот, каде што во еден момент метежот бил толку голем што сообраќајот бил прекинат на кратко.

Телевизиските снимки прикажуваат пешаци како трчаат и буквално ги грабаат парите од улицата.

Набрзо пристигнала и полицајците, од кои некои биле вооружени, со шлемови и панцири, за да го осигурат целиот простор.

Повеќе од 15,23 милиони хонгконшки долари, или 1,96 американски долари, се нашле на улица, соопштила полицијата, пренесува AFP.

“Сите лица кои пронашле пари ќе мора да ги вратат во полицијата во најкраток можен рок. Во спротивно ќе бидат обвинети за кражба”, предупредила полицијата.

Возачот на комбето, според зборовите на еден од полицајците, го минал целиот пат, во траење од половина час, несвесен дека задните врати од возилото се отворени и дека од него паѓаат сандаци со пари.

Дури кога пристигнал на целта сфатил што се случило, изјавил полицаецот за локалните медиуми, прецизирајќи дека била започната истрага на основа на сериските броеви на банкнотите.

Експертите изјавиле дека задржувањето на парите би претставувало кривично дело кражба, за која се добива казна до 10 години затвор.