Свет

Милиони литри нафта се излеаја во јужниот дел на Израел

Милиони литри нафта се излеаја во јужниот дел на Израел

Милиони литри сурова нафта утрово се излеале преку оштетен нафтовод во јужниот дел на Израел, причинувајќи голема штета на еден од најзначајните природни резервати во тоа подрачје, пишува МИА.

Пожарникари, претставници на Министерството за заштита на животната средина и оние кои работат на одржување на нафтоводот биле испратени на местото на инцидентот и успеале за два часа да го спречат излевањето.

Таканаречената „Зелена полиција“ при ресорното Министерство ја истражува причината за излевање на нафтата, дали тоа би можело да биде спречено и што е направено откако е забележано излевањето. Исклучена е можноста за саботажа и најверојатно причината за инцидентот е од техничка природа.

– Суровата нафта течела низ резерватот Еврона, каде живеат елени и растат редок вид на палми, причинувајќи сериозна штета на флората и фауната – изјави претставникот на Министерството за животна средина, Гај Самет, оценувајќи дека обновувањето ќе трае со месеци, а можеби и со години.