четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 64

Милиони муслимани го прославија завршувањето на месецот Рамазан

Тридневниот празник Рамазан Бајрам традиционално се одбележува со семејни собирања и размена на подароци и слатки после исцрпувачкиот месец на постење, пренесуваат француските медиуми.

ramazan

Последни вести

Милиони муслимани ширум светот синоќа го одбележаа завршувањето на светиот месец Рамазан, што годинава беше проследен со серија смртоносни џихадистички напади, јави Танјуг.

Тридневниот празник Рамазан Бајрам традиционално се одбележува со семејни собирања и размена на подароци и слатки после исцрпувачкиот месец на постење, пренесуваат француските медиуми.

Бранот напади во муслиманските земји, од Турција, преку Бангладеш до Ирак и Саудиска Арабија, годинава, меѓутоа, фрли сенка врз прославата на празникот.

Десетици илјади верници вчера се собраа на молитва во џамијата на Пророкот во саудискиот град Медина, само неколку дена откако во самоубиствен напад беа убиени четворица чувари на еден паркинг, наведуваат француските медиуми.

Во Багдад, свеченостите беа заматени заради двата самоубиствени напада од неделата во кои погинаа најмалку 250 лица.

Најчитани вести