Дали милионите на Сорос, се милиони за СДСМ?

Тргнувајќи од основното начело на „добротворната соросова организација“ која за свои бизнис интереси оди во поход на уривање „неподобни“ Влади, многу галантно троши големи суми за поткуп на политичари, новинари, и опозициски движења, кои наводно треба да создаваат „Влади во сенка“.
Судејќи според јавните извештаи за тоа на што ги троши фондацијата парите во земјава, сосема логично се поставува дилемата дали со парите на Сорос се финанисра најголемата опозициска партија која со години безуспешно се обидува да ја преземе власта.
Не е многу тешко да се воочи дека најголем дел од парите се трошат во „опозициски цели“, за афирмација на ставови кои ја дискриминираат политиката  на актуелната власт, нарекувајќи ја диктаторска, а нејзините креатори криминалци кои наводно ќе го „донесат народот до питачки стап“ доколку под итно не се направат драстични промени. Секако, неодминлива е и врската помеѓу првиот човек на оваа организација во земјава, Владимир Милчин, со социјалдемократите,  кој беше поранешен висок функционер на оваа партија и нејзин отворен поддржувач и лобист.

Не е потребно посериозно истражување  за да се поврзат некои делчиња во мозаикот на делување на „Отвореното општество“ за да се забележи дека токму во годините  кога во земјава имало избори, буџетот бил значитено зголемен и ставен во функција на „преземање на власта“.

Пример, буџетот на фондацијата за Македонија за 1993 година е околу 3 милиони долари, а следната година кога во земјава се организираа парламентарни избори тој порасна на 12 милиони долари. Во  2001 година е околу  5 милиони долари за следната година кога се одржуваат повторно парламентарни избори, тој се зголеми на 7 милиони долари. Во 2003 година, буџетот повтроно се намалува на 5 милиони  долари, за во 2004 година сумата повтороно да се зголеми на 7 милиони долари, а токму таа година имаше неуспешен рефередум за територијална децентрализација.