Милионска кражба во антикварница на Партизанска

Арамија направил милионска штета во антикварница во центарот на Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, предходната ноќ арамија провалил во антикварница лоцирана на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Непознатиот арамија успеал да влезе во дуќанот откако насилно ја отворил вратата и украл повеќе антиквитенти вредни  околу 600.000 денари.

Полицијата работи на откривање на арамијата кој со богатиот плен избегал во непознат правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.