Милионски кражби во Скопје за два дена, украдени накит и градежни машини

Накит вреден речиси  2,5 милиони денари и градежни машини вредна пола милион денари се украдени во последниве два дена во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера арамија провалил во куќата на Ж.И. на улицата Питу Гули во Скопје. Арамија насилно ја отворил балконската врата, влегол во домот, ги пребарал собите и украл голема количина разновиден златен накит вреден околу 2.460.000 денари

Ноќта меѓу 11 и 12 декември арамија провалил во објект на улицата Боца Иванова во Скопје. Полицијата соопшти дека арамијата  одзел градежни машини во вредност од околу 500.000 денари.

Полицијата работи на откривање на сторителите кои со пленот вреден милиони избегале во непознат правец.