Милито убеден дека сите судии се против Интер

Аргентинскиот ветеран од редовите на Интер, Диего Милито е убеден дека сите судии во Италија намерно судат против калчо гигантот од Милано.

„Како да ги дефинирам судиските одлуки кои се против нас? Многу тешко ќе ги дефинирам. Постојано се повторуваат, постојано ги имаме истите коментари во нашата соблекувална. Се уште не покажале на белата точка и сите сме убедени дека тоа не е нешто нормално. На дуелот против Лацио имаше чист пенал за Интер. Роналдо беше фаулиран, но судијата не покажа на белата точка. Мислам дека таа ситуација можеше да го промени целиот тек на натпреварот”, изјави искусниот напаѓач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.