Миливојевиќ направи тензија по синоќешниот дуел на Максимир

Лука Миливојевиќ со мала провокација налути многумина присутни во подтрибинскиот простор на Максимир

Фудбалерот на Олимпијакос, Лука Миливојевиќ кој даваше изјави во микс-зоната, носеше капа на Црвена звезда.

Ривалството на двата ексју клубови е огромно, но Миливојевиќ тврдеше дека не станува збор за провокација од негова страна.

Јас сум голем навивач на Црвена Звезда, имам играно за овој клуб. Капата ја добив како подарок од еден новинар, никој не треба тоа лично да го разбере. Тоа е како вие утре да ставите капа на Динамо, бидејќи навивате за овој клуб, изјави Миливојевиќ.

Тој одби да ја извади капата откако беше побарано такво нешто од страна на членови на управата на Динамо, кои потоа го пријавија кај делегатот, кој со својот мобилен ја документираше целата ситуација.