четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 33

Милош Земан во дводневна посета на Македонија

Претседателот на Чешката Република Милош Земан, на покана на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

zeman-ivanov

Поврзани вести

Претседателот на Чешката Република Милош Земан, на покана на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Земан ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а на првиот ден од посетата ќе има тет-а-тет средба на претседателот Иванов, како и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.

Во рамки на официјалната посета, претседателот Иванов ќе го одликува претседателот на Чешката Република Земан со орденот „8-ми Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

Утре, на вториот ден од посетата, двајцата претседатели ќе имаат обраќање на Македонско-чешкиот бизнис форум, на кој ќе присуствуваат претставници од стопанските комори на двете земји, како и чешки и македонски бизнисмени од повеќе области како енергетика, туризам, банкарство, прехранбена, автомобилска и фармацевтска индустрија.

Двајцата претседатели ќе го посетат и манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“.

Најчитани вести