Милошевски: Хаосот продолжува, расте бројот на партиските војници на СДСМ во културата

Партискиот војник на СДСМ Цветанка Ласкова како советник за култура на премиерот Зоран Заев доаѓа со биографија во која е забележана просечна музичка кариера и голема заслуга за промовирање на шпанските сапуници во Македонија, кои се врвот од достигнувањата на Ласкова во културата, изјави во понеделникот пред новинарите милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројот на партиски војници вработени како советници на Заев и Алаѓозовски вртоглаво расте, а сето тоа оди на сметка на граѓаните кои ќе плаќаат стотици милиони денари од Буџетот секоја година за плати за војниците на Заев и СДС. Алаѓозовски ангажираше советници како Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев, Златко Теодосиевски и Владе Милчин кои се со став дека спомениците на македонската историја и херои треба да се минираат, срушат и демолираат“, рече Милошевски.

Посочи дека на ова се надоврзува и сегашната одлукана Заев својата советничка екипа во која „вработува партиски војници и невладини платеници“ да ја зголеми кој како свој „личен специјален советник за култура“ ја вработи Цветанка Ласкова.

„Прашуваме јавно, по кои критериуми се вработени овие партиски војници и извршители и што тие ќе ги советуваат Зоран Заев, Алаѓозовски и другите министри од неспособната влада на СДС?“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски истакна дека наместо парите на граѓаните да се користат за нови болници, градинки и спортски сали, тие ќе бидат користени за плаќање на партиски војници, и посочи дека со ребалансот на Владата се кратат пари од Буџетот за да има плата за Цветанка Ласкова како специјален советник за култура на Заев.

„За ваквото неспособно работење на Заев, Алаѓозовски и СДС наскоро ќе следи политичка одговорност, а за сите незаконски вработувања и оштетувања на буџетот, ќе има и правна разрешница веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт“, предупреди Милошевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.