Милошоски: Ги решивме проблемите кои ги оставија СДСМ

Многу е подобро да те осудат за верност, отколку да те наградат за предавство. За жал, Зоран Заев и Бранко Црвенковски сметаат дека е подобро да бидат наградени за предавство, да бидат наградени со власт од луѓе кои сакаат да и нанесат штета на Република Македонија, рече пратеникот Антонио Милошоски, кој втор се обрати пред присутните на големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Заев и Црвенковски сакаа да не разединат, но единствено успеаја да не обединат. Единствено штета и нанесоа на Македонија и го нарушија нејзиниот меѓународен углед.

Пратеникот Милошоски потенцира дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е тоа што резултатот од владееето на претходната власт во охридскиот регион е затворање на 25 фабрики и создавање на 20 илјади стечајци.

-Зоран Заев со шпионирање нема да стаса никаде, а зад Владата се граѓаните и делата. Тој со своето однесување и прави штета на само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на Македонија, рече Милошоски кој нагласи дека Заев ќе помине, но Република Македонија е таа што ќе остане.