Милошоски и Алити избрани за нови потпретседатели на Собранието

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, ги изгласа за негови нови потпретседатели Антонио Милошоски и Рафиз Алити.

Местото на третиот потпретседател на Собранието е оставено празно, бидејќи во моментов во законодавната власт не учествува најголемата опозициска партија, од чии редови треба да избран и третиот потпретседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.