Милошоски: Оставките се чин на самодоверба и спремност „Пуч“ да добие правна разрешница

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил вели дека оставките се чин на самодоверба и спремност за „Пуч“, а Заев тоа не го посакува.

amilososkii

-Заев тврди дека оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков се доказ за незаконски дејствија и за автентичноста на прислушкуваните разговори. Напротив – оставките се чин на самодоверба и спремност целиот случај “Пуч”, со сите докази, со сите прислушкувања, нарачатели и прислушкувачи, да добие правна разрешница според словото на законот.Таа правна разрешница на “Пуч” Зоран Заев нешто баш и не ја посакува. Зошто .., тој си знае!!!, напиша Милошоски.