Милошоски побара да се реши проблемот со греењето во училиштата во Кичево

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната седница на Собранието на Република Македонија, наменета за пратенички прашања упати прашање до Министерството за образование во врска со греењето во училиштата во Кичево.

– Општината Кичево уредно добива од Министерството за образование блок дотации за основните училишта. Имам информации дека блок дотациите за основните училишта за Општината Кичево, не се користат сите наменски како што треба и дека дел од тие блок дотации наместо за греење на училиштата во оваа сезона се користат за исплата на плати на дополнително вработени лица на некој други основни училишта. Проблемот е голем, основното училиште Кузман Јосифовски Питу веќе неколку дена штрајкува, наставниците и учениците не посетуваат настава, од денеска основното училиште Владимир Полежина исто не оди на настава, учениците не посетуваат настава затоа што блог дотациите наменети за греење на овие училишта не се наменети за истото, посочи Милошоски.

Тој потенцирше дека постапката на Општината во овој дел е крајно непренципиелна и го доведува во прашање и наставниот процес на самите училишта, и треба да се спреведе една истрага како се трошат блог дотациите и во најитно можно време да се реши овој проблем.

Заменик министерот за образование Спиро Ристовски истакна дека Министерството е запознаено за нованастанатиот проблем во Општина Кичево во последните два дена поврзан со греењето во училиштата.

– Се обидуваме да најдеме решение врз основа на кое што акутната ситуација која што е во соодветните училишта ќе биде надмината, но истовремено и првиот дел на прашањето кое што се однесуваше на проверка во делот на рационализацијата и начин на трошење на дотациите е обврска која што министерството ќе ја превземе и дополнително ќе го информираме пратеникот околу исходот околу тоа како се трошат дотациите, додаде Ристовски.

Тој истакна дека Министерството за образование ќе превземе обврска да го реши овој проблем иако не е директно виновно, бидејќи менаџирањето со училиштата е одговорност на Општината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.