Милошоски со порака ВМРО-ДПМНЕ сака да го сослуша народот, СДСМ да го прислушкува

ВМРО-ДПМНЕ сака да го сослуша народот за разлика од СДСМ кој сака да прислушува свои политички опененти. Заев треба да биде свесен дека во Струга не ужива легитимитет затоа што неговата партија ја подели и ја промени Струга. Ова е пораката на Антонио Милошоски, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Цел овој проект кој го прават сега, целите овие нелегални и монтирани прислушкувања имаат најголемо значење за Заев и за Радмила Шекеринска како да ги покријат поразите што ги доживеаја во2014-та, 2013-та, 2011-та, во 2008-ма и 2006-та година. ВМРО-ДПМНЕ не победи вчера, па да им биде чудно. ВМРО-ДПМНЕ победува од 2006-та и тоа веќе стана нормално, затоа што работи, остварува и затоа што тоа што ќе го вети, го реализира. За разлика од СДСМ, кои што тврдат дека народот е во право, дури и кога греши и затоа не победуваат, ВМРО-ДПМНЕ смета дека народот е секогаш во право, рече Милошоски.

Пратеникот испрати  порака до Зоран Заев во која му вели дека со шпионирање не се станува премиер.

–  Со програма и нејзино остварување се станува премиер, а пораката и денес и утре до Зaев e дека со  шпионирање не се станува премиер. Затоа Заев за негова жал, а за среќа на РМ никогаш не бил и  нема да биде премиер затоа што ја шпионира сопствената држава, вели Антонио Милошоски пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Според него, објавувањето на т.н. бомби од страна на СДСМ има за цел да ја дестабилизира државата и, како што рече, да ги покријат поразите на Шекеринска и Заев.

– СДСМ сака да прислушкува свои политички опоненти. ВМРО-ДПМНЕ сака да го сослуша народот и да види што треба да се направи. И Заев треба да биде свесен дека во Струга не е човек којшто ужива легитимитет затоа што неговата партија ја подели и смени Струга. И во 2013 година кога граѓаните се обединија и гласаа за интересот на Струга, Заев беше првиот политичар што рече дека тоа било грешка. Грешката не е во Стружани, туку во него, рече Милошоски.