Милошоски во посета на Кичево

Носителот на кандидатската листа за пратеници на петтата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска е во посета на Кичево.

Во 11 часот Милошоски ќе го посети селото Цер и ќе положи цвеќе на гробот на Христо Узунов. Во 17 часот ќе одржи митинг во населба Иванидол, а во 18 часот мини митинг во Ламели.