Милошоски во службена посета на Јапонија

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија,  Антонијо Милошоски, ќе оствари службена посета на Јапонија, по покана на парламентарниот заменик-министер за надворешни работи,  Такао Макино.

Такао Макино, кој е член на Горниот Дом на јапонскиот Парламент, е иницијатор за формирање на парламентарната група за јапонско-македонско пријателство, како заедничка цел на двете земји за унапредување на билатералните односи.

Ова беше една од темите за разговор меѓу претседателот на Собранието,  Трајко Вељаноски и Такао Макино, за време на неговата посета на Македонија, во февруари минатата година.

Македонија и Јапонија лани одбележаа 20-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи, а Македонија за прв пат испрати резидентен амбасадор во Јапонија, во новоотворената амбасада во Токио.