Милошоски: Заев покажува во чиј интерес работи

Она што го направи лидерот на опозицијата важно е да се истакне дека е голема штетеа за државата, истакна поранешниот шеф на македонската дипломатија и актуелен пратеник, Антонио Милошоски во Дневникот на МРТ.

-Има многу држави кои имаат спорови со соседи или други држави, но ниеден лидер на опозициона партија, па дури ни во самата Грција не излегол со снимки, со материјали, со податоци, ниту со изјави со кои ќе наштети на позицијата на својата земја. Во овој случај гледаме дека лидерот на опозицијата има еден недостаток на капацитет за државни работи, а да го разбере националниот интерес и и прави штета на сопствената држава со што ги разоткрива тактиките, позициите размислувањата кои секој тим ги има во разговорите за едно важно национално прашање вели Милошоски за МРТ.

Тој истакна дека и покрај оваа штета, сепак треба да му бидат благодарни на Заев што го потврдил она што ВМРО-ДПМНЕ долго време го тврди.

-Прво дека нема решение без референдум каде народот ќе го даде своето изјаснување, позиција која ВМРО-ДПМНЕ ја има од 2005 година. Второ дека идентитетските прашања за нас се најважните и сме барале секогаш гаранции за македонскиот национален, културен и јазичен идентитет од највисоките инстанци од ОН. Трето, Република Македонија од ’91 до денес е независна држава и само една политичка партија го променила името на државата, а тоа е СДСМ, посочи Милошоски додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години дополнително го промовирале името на Република Македонија за што говори и податокот од 138 земји во светот кои Македонија ја признават под уставното име.

-Република Македонија и секое раководство имале обврска да водат разговори со јужниот сосед, и ние сме ги воделе тие разговори. Со добра намера да ги истакнеме нашите аргументи и доколку е можно да стигнеме до одредено решение кое би можело да биде потврдено од народот на еден референдум. Во сите разговори имало рзлични размислувања, предлози, неки работи кои ги правите за да се случат, а други за да не се случат. За цел ни било да го зачуваме уставното име на Република Македонија и согласно нашите делувања и програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Заев неморал да се мачи да прислушува со странски служби, да бара домашни шпиони, да го прави ова на начин кој и штети на државата. Заев покажува во чиј интерес работи. Ваквото однесување на еден македонски политичар би го поздравил единствено некој грчки политичар кој не и мисли добро на Македонија, потенцираше поранешниот министер за надворешни работи.

Целото гостување на Милошоски погледнете го во видеото во продолжние