Милошоски разговараше за Изградба на Марина Охрид со охриѓани

При денешната посета на Охрид, носителот на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Антонио Милошоски оствари средба со бродарите и кајчарите, со кои разговараше за изградбата на Марина Охрид.

Овој проект е предвиден во Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и опфаќа доградба на пристаништето и изградба на уште два крака.

Милошоски исто така се сретна со охридските пазарџии и информираше дека Владата ќе продолжи да доделува субвенции за земјоделските производи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.