Милошоски: Ако се има политичка волја новата влада со ребалансот ќе оддели 2 милиона евра за обештетување на граѓаните на Охрид, Ресен и Струга

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски обраќајќи му се на својот колега од редовите на СДСМ Томислав Тунтев истакна дека е недостојно што како пратеник од Охрид наместо да се залага за што повеќе средства за обештетување, го иронизира тоа дали пукната фасада или оштетен кров или гаража или соба или статика на куќа е штета или не е штета.

Милошоски истакна дека во градовите Охрид, Стуга и Ресен од природната непогода навистина е настаната штета и на граѓаните треба да им се помогне и да се обештетат.

Додаде дека Општината Охрид веќе има направено увид и процена на штетите за да се овозможи обештетување од штетите настанати по земјотресите.

Доколку се има политичка волја, истакна Милошоски, новата влада со ребалансот ќе оддели два милиона евра за обештетување на граѓаните на Охрид, Ресен и Струга.

„Со тоа ќе им се помогне на граѓаните да ја поправат штетата направена од оваа природна непогода. Сега вие го браните буџетот, односно ребалансот или ги браните интересите на граѓаните на Охрид кои што претрпеле штета од земјотрес, додаде тој.

Овој амандаман, за пратеникот Милошоски, не е наменет за блокада или опструкција на буџетот туку е реакција на реалните проблеми на сограѓаните и ги засега сите дали припаѓаат на една друга или трета политичка опција.