Милошоски: Најдоброто нешто што го имаат новите министри во МВР и МТСП се замениците министри Чавков и Спасов

Милошоски исто така нагласи дека од денес СДСМ е една хибридна опозициона партија и дека сценаријата кои што СДСМ ги планираше не се остварија.

Оваа политичка ситуација од денес па натаму нема да имаме ниту класична опозиција дидејќи од денес понатаму СДСМ е една хибридна опозициона партија.

За малку власт имаат малку повеќе почит кон институциите. Пред скоро две години, април 2014 година ја започнаа политичката криза во моментот кога го слушнаа резултатот од изборите. Таа политичка криза нанесе голема штета на Република Македонија, на нашиот меѓународен имиџ, на стопанството, на сигурноста и на чусвството на самите граѓани. Пред 9 месеци дополнително ја засилија таа политичка криза со своите прес конференции и со своите политички настапи во кои што ултимативно настапија со две цели. Едната цел е падне Владата на ВМРО-ДПМНЕ за три дена и втората цел која си ја поставија е да има изјештај од Европската Комисија во која што ВМРО-ДПМНЕ како носечка политичка партија која што доби препораката од ЕУ, истат ќе биде доведена во ситуација да ја изгуби. Ниедна од целите не е остварена, владејачката коалиција продолжува понатаму, и овој политички товар кои што го превземаме денес е помалата штета во споредба со онаа поголемата која што можеше да ни се случи доколку не беше спроведен и постигнат политичкиот договор од јуни/јули оваа година.

Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски порача дека не очекуваат СДСМ да ја вратат демократијата која што веќе е во рацете на граѓаните и исто така дека таквото очекување е како затајувачот на данок да го врати затаениот данок.

СДСМ со своето учество во власта не очекуваме како што тврдат тие дека ќе ја врателе демократијата во Република Македонија бидејќи демократијата граѓаните веќе ја имаат во свои раце и слободно ја изразуваат на секои избори. Да очекувате СДСМ да ја врати демократијата е како да очекувате затајувачот на данок да го врати затаениот данок. Но, како и да е овој политички договор сметаме дека и кај СДСМ ќе побуди еден интерес и посветеност кон заедничките интереси да имаме фер и демократски избори, избори кои што СДСМ ќе ги прифати без да ги оспорува на штета на државата во април следната година.

Ние сме свесни и ја прифаќаме реалноста дека она што беше политичка напнатост надвор од институциите на Република Македонија, од денес  натаму може да се префрли и да се одрази како политичка напнатост внатре во институциите.  Тоа ќе даде добра прилика граѓаните да можат да оценат кои и на каков начин се однесува, кои и колку му значи државата, партијата, власта, граѓаните, интересот на цела Република Македонија.