Милошоски: Дивата депонија во Струга е еколошка катастрофа

На собрансиката Комисија за финансирање и буџет пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски истакна дека проблемот со дивата депонија не е ниту еднопартиски ниту еднонационален и истиот треба да се реши во најбрз можен рок.

-Имав прилика да се сретнам со претставнци на граѓанското движење „Доста е“ кое што е составено од повеќе здруженија на граѓани и поединци, стружани кои што во разговорот кој што го имавме, побараа тој да не биде јавен разговор туку да биде една неформална средба за да може да се советуваме и да укажеме за одредени потреби или можни решенија, кажа Милошоски.

Тој потенцираше дека добар дел од луѓето од движењето „Доста“ е припаѓаат на различни политички партии и дека се политички активни.

-Ова  што се случува подолго време во последниве три четри месеци со струшката дива депонија, без разлика на причините е блиску до една голема еколошка катастрофа, која што има директни последини еколошки и здравствени и би рекол со големи стопански последици по одсно туристичкот во овој период кој што е најважен за охридското крајбрежје и Струга, рече пратеникот Милишоски.

Тој додаде дека пратеникот Јован Митрески од СДСМ кој е од Струга најдобро го знае проблемот со дивата депонија.

-Јас сметам дека овој амандам ако не е соодветен во оваа форма каков што е ние предлагаме да го формулираме заеднички со СДСМ и со Министерството за финансии таков каков што сметате дека треба да биде, но сметам дека нема поголема ургентна потреба од Струга сега коа ситуацијата е толку драматична, ние во Собранието да покажеме заедништво како што граѓаните на Струга во Движењето Доста е кој што протестираат, заеднички да понудиме амандман кој што ќе биде најсоодветен.

Тој истака дали тој амандман ќе биде насочен за Општината или некое министерство е помалку важно отколку што е важно е да предложат заеднички амандман, бидејќи проблемот не е еднопартиски, ниту едно национален.

Пратеникот Милошоски го кажа барањето на движењето „Доста е“ кои бараа да се прифати амандманот за дивата депонија во Струга.