Милошоски до СДСМ – „Во право се тие кои се сомневаат во вас“

Противењето на СДСМ и бојкотот на анкетната за скандалот со фабриката за фалсификати е најголемиот доказ дека овде има нешто што не е регуларно, некоректно, спротивно на закон и нешто што СДСМ несака да се открие – ова вчера од собраниската говорница го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

За него тоа е мотив повеќе зошто оваа анкетна комисија треба да се востанови, да има членови и да има можност да работи и да повикува релевантни соговорници кои ќе дадат искази, сеедно дали ќе е тоа на отворена или затворена седница.

СДСМ беше партијата која поради неподготвеност да признае пораз на избори обвини за нерелугарности, би требало СДСМ да биде тој кој што треба да предничи за иницијатива за формирање на ваква анкетна, да дознаеме дали некој планирал за изборни цели да злоупотреби лични податоци на 120.000 македонски граѓани“, рече Милошоски.

Треба да дознаеме дали имало 70.000 нелегално прислушувани разговори во компјутер на човек обвинет за криминал, кој му ги дал, дали е вистина дека имало 120.000 податоци на граѓани, дали некој имал намера да ги злоупотреби за изборни цели или веќе ги злоупотребил, додаде Милошоски.