Милошоски: Со ДУИ никогаш не сме имале писмени гаранции од двете страни

За разлика од извори од ДУИ кои тврдат дека од ВМРО-ДПМНЕ добиле писмена понуда во преговорите за составување нова влада, Антонио Милошоски во емисијата „10 минути“, рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не давала писмена гаранција до ДУИ, па ниту овој пат.

Милошоски вели дека овие две партии се долго во коалација и секогаш се почитувал дадениот збор, затоа немало потреба од документи. Тој воедно ја отфли како неточна информацијата дека со ДУИ преговарале и по истекот на мандатот за состав на влада, но не ја отфрли можноста за идни преговори.

Тој додава дека ДУИ, не стоел на зборот од 2007 година кога таа партија бараше, како што рече, почитување на принципот –Влада да формира –победник со победник.

Милошоски тврди дека камен на сопнување во преговорите со ДУИ не било прашањето за СЈО, туку било барањето на ДУИ за воведување на двојзичност на цела територија на Македонија, што за ВМРО-ДПМНЕ  е не прифатливо.

Преговорите главно пропаднаа поради јазичното прашање. Во однос на СЈО, двете партии се договорија дека не можат да се договорат, а ниту ДУИ не инсистираше толку колку што го прикажува тоа во јавност – вели Милошоски и демантира дека ВМРО-ДПМНЕ и дала и писмени гаранции на ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.